ЗА VOLLO
Vollo е интернет пребарувач кој ви помага да најдете, споредите и резервирате билети за транспорт. Нудиме широк спектар на опции за автобуски билети, цени и времетраење на патување како и многу други услуги. Во само неколку чекори, ќе можете да го најдете и резервирате патувањето кое ви одговара највеќе вам, да земете инспирација за некоја нова туристичка дестинација, како и да најдете совети, кое ќе го направат вашето патување полесно.
Имаме Андроид апликација, и нашата веб-страница е 100% мобилни пријателски за други платформи :)
Vollo е практичен интернет пребарувач за патувања кој работи заедно со туристички агенции и понудувачи на превоз.
Се разбира. Сите наши билети се целосно одобрени од понудувачите. Штом направите купување на нашиот вебсајт ќе ви ги пратиме билетите директно на емаил. Емаилот вклучува број на билет и информации за патувањето и е целосно одобрен од понудувачите кои се прикажани на билетот.
ЗА НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПРЕБАРУВАЧ
Vollo ја покажува најефективната автобуска рута до вашата дестинација. Ви даваме информации кои ќе ви заштедат време и пари. После пребарувањето, цените, времетраењето на патот и понудувачите ќе ви бидат прикажани, како и број на застанувања за секое патување, достапност на вифи, клима уред и тоалет во автобусот и слично. Штом ја одберете најдобрата рута за вас, можете да го ја комплетирате резервацијата со купување на билет директно од нашиот вебсајт.
Штом резултатите од пребарувањето се прикажани, искористете ги филтерите да ги сортирате прикажаните резултати.
Повеќето од рутите се покриени и достапни. Но, некои дестинации може да бидат недостапни во одредени времиња. Ова е затоа што понудувачите немаат понуди за тој транспортен сервис во тоа време. Ако не можете да ја најдете својата дестинација, препорачуваме да погледнете до најблиската точка до вашата дестинација. Нашиот тим работи напорно да ги подобри бројот на достапни дестинации и ако одберете таква што ја нема во нашиот пребарувач, ве молиме конктактирајте не на info@vollo.net - цениме секаква повратна информација.
Нашиот пребарувач ги сортира резултатите според време на поаѓање. Доколку би сакале да ја видите цената прва, тогаш стиснете на филтерот Цена. Може да користите и други филтри да ги сортирате резултатите на начин на кој што вие сакате.
Да. Тие ни помагаат да го препознаеме вашиот пребарувач и да запамтиме одредени информации кои ни помагаат да ги оптимизираме и подобриме пребарувачките функции на нашиот вебсајт.
Во случај на било каков проблем, ве молиме контактирајте не` на емаил: info@vollo.net или на Twitter или Facebook.
ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ И БИЛЕТИ
Штом ја најдете најдобрата рута за вас, можете да ја комплетирате резервацијата преку нашиот вебсајт. Откако ќе завршите со купувањето, ќе добиете емаил кој ја содржи вашата карта и деталите околу вашето плаќање.
Ве молиме проверете дали вашиот понудувач на превоз ја има таа опција. Се стремиме да ви ги прикажеме сите информации во врска со откажувањето на билети во процесот на резервација. Билетите кои се на попуст не можат да бидат изменети/заменети или откажани.
Некои понудувачи на превоз се пофлексибилни од други и дозволуваат измени на билетите. Ако сакате да ги смените деталите или датумот на вашето патување, тогаш ве молиме контактирајте го вашиот понудувач на превоз.
Во случај да купите билет со флексибилни дати, неопходно е да го потврдите датумот на враќање и времето во вашиот профил, да направите резервација за одредената дата и оператор неколку дена пред поаѓање.
Ќе можете да одберете помеѓу исти и различни превозници во процесот на резервација. Така што, вашиот повратен билет ќе биде валиден со превозникот кој сте го одбрале.
Ние нудиме различни видови на попусти.
Во случај на било каков проблем, ве молиме контактирајте го нашиот сервис за грижа на корисници. Исто така може да ни пратите емаил на info@vollo.net или да се обратите на нашиот инстантен чет за време на работни часови.
Ако сте резервирале преку сајтот на Vollo, тогаш ќе ви пристигне потврден емаил со автобускиот билет и фактура.
Прифаќаме било која валута, но ве молиме имајте во предвид дека сите валути ќе бидат конвертирани во Хрватска Куна(ХРК). Цените се оригинално прикажани во ХРК. Со цел да ви прикажеме валута која ви одговара најмногу вам, во секој момент можете да ја подесите прикажаната валута во горниот десен агол. Ние прифаќаме MasterCard, Maestro, Visa, American Express, Diners, JCB и Discover картички.
Ве молиме имајте во предвид дека секој оператор има различна политика за багаж. Обично, рачниот багаж е бесплатен, додека дополнителниот багаж се наплаќа помеѓу 5 до 15 ХРК на лице место.
Одредени оператори дозволуваат понесување на велосипед, но за овој сервис се доплаќа. Препорачуваме да го контактирате вашиот транспортен сервис и да прашате за нивните правила за велосипеди.
Имајте во предвид дека секој од операторите има различни правила кога се работи за миленици. Ви препорачуваме да го контактирате вашиот оператор и да се информирате за нивните правила за миленици.
Нашиот сервис ви дозволува да направите до 5 резервации истовремено.
Откако ќе резервирате, на вашата емаил адреса ќе пристигне потврден емаил кој ги содржи сите потребни информации за вашето патување, вклучувајќи ги вашиот билет во ПДФ формат и фактура. Ве молиме испечатете го билетот и понесете го со вас. Доколку не сте добиле потврден емаил во рок од 24 часа ве молиме обратете се на нашиот сервис за грижа на корисници на - info@vollo.net
Некои оператори не го пишуваат името на патникот на билетот. Ова значи дека во некои случаи, билетот не е персонализиран. Генерално, ова не е нешто што би требало да ве загрижи, но слободно контактирајте не во случај на проблем.
Во моментов подготвуваме платформа за дигитални билети. Во меѓувреме, ве молиме испечатете го вашиот билет однапред и понесете го со вас. Проверете ги информациите на билетот, со цел да се запознете со времето на поаѓање.
Нажалост, примаме само онлајн плаќање бидејќи сметаме дека тоа е најбрзиот и најбезбедниот метод на плаќање.
Ве молиме исконтактирајте не за било какви проблеми во врска со резервација, билети и потврди. Доколку настане било каков проблем пред или по вашето патување ве молиме исконтактирајте го автобускиот оператор. Доколку ви е потребна помош или совет, контактирајте не нас. Тука сме за вас.
Не можам да го најдам моето прашање во ЧПП.
Доколку имате прашање кое не е во ЧПП, сте искусиле проблеми со нашата веб страна или пак имате некоја сугестија, слободно контактирајте не на нашиот емаил info@vollo.net